Кариера во Кодар

Гради мрежи. Развивај се
со нас.

Создаваме инфраструктура што поврзува илјадници домови и бизниси. За тоа ни требаат луѓе што сакаат да учат, да решаваат и да оставаат видлив резултат зад себе.

Отворени позиции
Зошто Кодар?
Работа со видлив резултат
Учење од искусен тим
Професионална опрема
01 / Отворени позиции

Отворени позиции

02
01

Техничар за телекомуникациски системи

СкопјеПолно работно време

Кодар Инженеринг има потреба од проширување на своите тимови со посветени професионалци за работа со:

мобилни мрежи (BTS, AFS, RAN, MW),

активна и пасивна мрежна опрема (GPON, ADSL, VDSL),

електрични инсталации.

телекомуникациска инфраструктура

Работа во Македонија и Европска Унија за врвни Телекомуникациски оператери и производители на телекомуникациска опрема.

1. Работни задачи:

Инсталација на телекомуникациска опрема за мобилна и фиксна мрежа, нивно поврзување и пуштање во работа,

Монтажа на челични конструкции,

Електрични инсталации и поврзувања.

Работата е организирана согласно највисоки стандарди за работа.

Навремени и солидни примања, како и можности за екстра заработка согласно реализација и квалитет.

Можности за напредок во интернационална групација (повеќе информации на www.kodar.rs) и ангажман на интернационални проекти.

Што бараме
  • Образование: најмалку ССС
  • Способност за работа со ситен рачен и електричен алат
  • Способност за работа на висина (ќе се смета за предност)
  • Возачка дозвола Б – категорија (ќе се смета за предност)
  • Работно искуство: не е задолжително
  • Предност ќе имаат кандидати со:
  • Техничка школа (струка: електро или машинска, телекомуникации)
  • Работно искуство со поставување на антенски системи и базни станици
  • Работно искуство или сертификат за работа на висина
  • Работно искуство во систем/сервер сали
  • Работно искуство во поврзување на нисконапонски енергетски кабли
  • Посветеност во работата
02

Техничар за оптички мрежи

СкопјеПолно работно време

Кодар Инженеринг има потреба од проширување на своите тимови со посветени професионалци за работа со:

оптички (FTTH) фиксни мрежи,

активна и пасивна мрежна опрема (GPON, ADSL, VDSL),

Работа во Македонија и Европска Унија за врвни Телекомуникациски оператери и производители на телекомуникациска опрема.

1. Работни задачи:

Инсталација на телекомуникациска опрема за фиксна мрежа, нивно поврзување и пуштање во работа, како и исталација на оптичка мрежа кај крајни корисници.

Работата е организирана согласно највисоки стандарди за работа.

Навремени и солидни примања, како и можности за екстра заработка согласно реализација и квалитет.

Можности за напредок во интернационална групација (повеќе информации на www.kodar.rs) и ангажман на интернационални проекти.

Што бараме
  • Образование: најмалку ССС
  • Способност за работа со ситен рачен и електричен алат,
  • Способност за работа на висина (ќе се смета за предност),
  • Возачка дозвола Б – категорија (ќе се смета за предност),
  • Работно искуство: не е задолжително
  • Предност ќе имаат кандидати со:
  • Техничка школа (струка: електро или машинска, телекомуникации),
  • Работно искуство или сертификат за работа на висина,
  • Работно искуство или сертификат за поврзување на оптички (FTTH) кабли,
  • Работно искуство во систем/сервер сали,
  • Посветеност во работата.
Можност за работа во групација
02 / Отворена апликација

Не ја гледате вашата позиција?

Испратете ни кратка порака и CV. Кога ќе се отвори соодветна можност, нашиот тим ќе може да ве контактира.